Норвешкиот лундехунд се споменува во скандинавските и дански записи уште во 1500 година. Потекнува од Норвешка, а земјоделците го користеле за лов на морски папагали. На шепите има по шест прсти и речиси е истребен за време на Втората светска војна, но норвешките одгледувачи успеале да ја одржат оваа раса во живот.
Лагото ромањоло е познат како куче за барање на тартуфи. Оваа древна раса на ретривер некогаш се користела за откривање на вода во Равена, но денес е исклучително вешт за пронаоѓање на скапоцените печурки.
Азавак или африкански р’т е куче кое со стотици години е верен придружник на номадите од јужна Сахара. Заради својата елеганција и приврзаност кон сопствениците, донесен е во Европа во втората поливина на 20-от век.
Муди е унгарско куче кое се користело главно за чување на добиток и овци, а денес во светот го има во помалку од илјада примероци. Расата наводно е создадена во текот на 18 век со вкрстување на унгарските овчарски кучиња и разни германски кучиња – овчари.