Сутерен.мк

Најсуровите меѓу суровите

Историјата на човештвото од памтивек е обоена со крв. Во бробата за личните интереси и моќ на поединци, многу луѓе ги изгубиле животите. Ова се само некои од најомразените ликови на сите времиња.

Гај Јулие Цезар Германик (12 – 41 н.е.)

Познат е и како Калигула (прекар, што го добил уште како мал, бидејќи носел мала легионарска униформа, дополнета со рачно изработени чизмички што се нарекувале – калигае). Во првите три месеца на владеењето 160 илјади луѓе се жртвувани во негова чест. Оној пак, кој ќе му се обрател со прекарот Калигула бил убиван на лице место.

Влад Цепеш Трети (1431 – 1476)

Влашкиот војвода попознат под името Влад Дракула ќе остане запаметен како една година на Великден ги уапсил сите болјари од Брашово и ги набил на колец – по неколку илјади наеднаш.

Иван Четврти Василевич (1530 – 1584)

Иван Четврти Грозни, поради својата суровост кон болјарите, реформите во земјата и убиството на сопствениот син, сосема заслужено е на листава.

Ержебет Батори (1560 – 1614)

Оваа унгарска грофица е една од најпознатите сериски убијци во историјата. Се проценува дека заедно со уште неколку соучеснички, мачела, а потоа и убила помеѓу 300 и 2 000 девојки. Се заради пиење на нивната крв, за која верувала дека ќе ја одржи вечно млада.

Леополд Втори од Белгија (1835 – 1909)

Неговите жртви додека Конго било колонија на Белгија никој не ги запишувал, но се проценува дека најмалку десет милиони луѓе се убиени или умрени од изнемоштеност при работењето на плантажите.

Адолф Хитлер (1889 – 1945)

Германскиот политичар, диктатор и водач на Нацистичката партија, кој во 1933 станал германски канцелар, ги елиминирал сите непожелни групи луѓе за нацистите. Денес тоа генерално се нарекува Холокауст.

Хајнрих Химлер (1900 – 1945)

Командантот на Шустшафел и Гестапо бил еден од најмоќните луѓе на нацистичка Германија, а во 2008 година магазинот „Дер Шпигел“ го прогласи за најголем масовен убиец во историјата. Бил опседнат со лудата идеја за виша раса и верувал во крајно идиотски теории како на пример, дека Ариевците и Тибетанците се сродни народи, кои потекнуваат од Атлантида.

Јозеф Менгеле (1911 – 1979)

Офицерот и лекар во логорот Аушвиц бил познат и како „Ангелот на смртта“. Изведувал смртоносни експерименти врз затворениците особено врз близнаците. Од илјада двојки близнаци, само двестотини ги преживеале неговите мачења.

Јапонскиот цар Хирохито (1901 – 1989)

Овој т.н. полу-божествен водач ја нападнал Кина во 1931 година и повторно шест години подоцна. Случувањата од 1937 – ма се познати како „Силувањето на Нанкинд“, бидејќи јапонските војници со денови убивале и силувале. Тогаш се убиени помеѓу 250 000 и 300 000 луѓе.

Мао Цедунг (1893 – 1976)

Кинескиот револуционер и државник за многумина е најголемиот злосторник на 20 – от век. Во текот на неговиот проект „Големиот скок напред“, страдало меѓу три и седум отсто од населението на Кина, односно помеѓу дваесет до 43 милиони луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *