Сутерен.мк

Несигурните мажи се поагресивни!

Мажите кои веруваат дека не ги исполнуваат културолошките стандарди на машкоста, можат да чувствуваат притисок односно, се под постојан стрес што може да резултира со почеста агресија.

Неодамнешните две истражувања се спроведени на американскиот Универзитет Дјук, а се набљудувани случајно одбрани мажи на возраст од 18 до 56 години.

Студиите укажуваат дека несигурноста влијае врз машкото ментално здравје и дека таа може да делува како чкрапало за агресивно однесување кон другите.

Како што вели раководителот на проектот, Адам Стеналенд, помладите мажи (18 до 35 години), чувството на машкост го црпат од туѓите доживувања на ним самите и доколку не ја добијат таа потврда од околината дека се „доволно мажи“ можат да ја побараат во машко насилство, тероризам, насилство врз жените, политичка агресија.

Додека пак, оние постарите од нив, несигурноста во својата машкост почесто ја искажуваат со ароганција, нетрпеливост, игнорирање, озборување и потсмевање, како кон жените, така и кон сопствениот пол, убедени дека тоа е знак на „цврстина“ и „мажественост“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *