Џони Деп ги изненади своите фанови со нов изглед. Актерот и пејач пред 2 дена настапи на „Хелсинки блуз фестивал“ заедно со гитаристот Џеф Бек, а на концертот се појави избричен, без брада и мустаќи.
Бек и Деп се пријатели од 2016 година, а на албумот „18“ кој треба да излезе ова лето работат уште од 2019 година. Албумот ќе содржи обработки од различни изведувачи, од „Бич бојс“ до „Велвет андерграунд“, но и неколку оригинални песни на Деп.
Џони Деп пред три недели го доби судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд, а актерката беше прогласена за виновна за клевета. Поротата пресуди дека Херд мора да исплати отштета од 15 милиони долари поради клеветење во текст кој беше објавен во „Башингтон пост“.