Сутерен.мк

Номинации за Еми наградите

ТВ серијата Серијата „Succession“ на ХБО, која ги следи аферите на моќни семејства чии членови меѓусебно си пакостат, доби 25 Еми номинации (пандан на оскарот за телевизиски достигнувања) и ќе се натпреварува со јужнокорејската серија „Squid game“ на Нетфликс, која во историјата влезе како прва продукција која не е на англиски јазик.

Наградите ќе се доделат на 12 септември, а во трка се и успешните ТВ-серии како „Stranger things“, „Ozark“ и „Better call Saul“.

Во категоријата хумористични серии, најдобра позиција со 20 номинации има „Ted Lasso“.

Во категоријата мини серии, 20 номинации има „The white lotus“ која ја исмејува хипокризијата и површноста на богатите гости на луксузен хотел на Хаваи.

Зендаја влезе во историјата на Еми како најмлада номинирана актерка во категоријата за оригинална музика и стихови за серијата „Еуфорија“. Актерката е номинирана втора година по ред, во 2021 година тогаш 24-годишната актерка беше најмладата жена која има добиено Еми за најдобра актерка во драмска серија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *