“Се врзува човек за манастирскиот мир, за тивките богослужби во параклисот, се нурнува во годините наназад каде се гледа како првпат ја облекува монашката риза и убаво му е таму. Таму нема амбиции, таму нема лактење за позиции…“
Нова книга од митрополитот европски Пимен
Во овој дневник на митрополитот Пимен, кој опфаќа нешто повеќе од четириесетина дена поминати во манастирот на Свети Антониј Велики во Ново Село, на читателот искрено и неизвештачено (каков што всушност и го познаваме владиката), му дава можност да влезе во неговото срце, да прочита или подобро кажано да види самиот што созерцувал неговиот ум во текот на овие четириесет дни во својот лично-соборен стремеж кон светлината на Воскреснатиот наш Господ и Спасител.
„За современиот христијанин е исклучително важно да знае дека подвижничкиот дух не смее да остане одлика само на древните христијани и светителите. Тие не се супер-луѓе на кои кревкоста, колебливоста и сите други карактеристики на паднатата човечка природа им биле непознати….“
Владиката навистина живописно пишува за тримерскиот период и низ сето она низ кое поминува човечката волја меѓу одлучноста да Му угодува на Бога и да го љуби и слабостите и потребите на човечкото тело – оваа книга е личен опит од таа борба.
Ако ја сакате книгата, кликнете овде…