Обично рокот на траење на производите се смета како завера на капиталистите за да не натераат што повеќе да фрламе неискористени продукти и да купуваме нови. (Интересно е што противниците на овие завери се обично, луѓето – антиваксери! Ела, па фати им го крајот?)
Киселата павлака може во фрижидерот да стои најмалку еден месец. Ако датумот на користење веќе е бледо сеќавање, тоа не значи и дека не е за употреба. Всушност, ако некој сака многу кисело, таа може да се употребува се додека некој не може да ја поднесе нејзината киселост!
Ај, да се кладиме дека не сакате да знаете колку кисела може да биде, пред да е подготвена за фрлање!
Ако не верувате, пробајте! Нема ништо да ви биде. И, јавете ни се за впечатоците!
(А зошто мора да има рок на употреба? Па инаку, ништо од бизнисот!)