Британскиот бенд „Пинк Флојд“, по речиси три децении, објави нова песна во знак на солидарност со Украина.
Песната „Еј, еј издигни се“ излезе денес, а „Пинк Флојд“ ја направи со учество на украинскиот пејач Андриј Кливњук.
Новата песна е и од хуманитарен карактер бидејќи парите од продажбата ќе бидат наменети за помош на Украина.
„Како и многу други, и музичарите на ‘Пинк Флојд’ чувствуваат гнев и фрустрација поради руската инвазија на Украина“, соопштија од бендот.
„Пинк Флојд“ се инспирирале од пеењето на Кливњук на плоштадот во Киев – украинскиот пејач, кој е член на бендот „Бумбокс“, ја откажа светската турнеја поради војната во Украина и ѝ се приклучи на украинската војска во одбрана на земјата.
Фронтменот на „Пинк Флојд“, Дејвид Гилмор, чија снаа е Украинка, изјави дека бил трогнат од видеото на Кливњук.
Изјавил дека од украинскиот пејач, кој е во болница поради повреда од граната, побарал да ја чуе песната и од него добил одобрение да ја објави.