Доколку сакате да си го зајакнете имунитетот, овие напитоци треба да ги избегнувате…
Кафиња со различни ароми
Рестораните со брза храна често во понудите имаат и кафиња со млеко, кои имаат и некој додатен вкус како на пример, овошни сируи. Тие пијалоци се преполни со шеќер, а сиот тој додаден шеќер потикнува воспалителни процеси и со тоа го зголемуваат ризикот за некои болести.
Алкохол
Доколку се конзумира често, алкохолот го ослабува имунитетот односно, неговата способност брзо да ги исфрла бацилите. Можно е и луѓето кои имаат проблем со алкохолизмот, да имаат поголем ризик од развој на респираторни проблеми.
Газирани напитоци
Тие не се лоши само за линијата, туку и за имунитетот. Тука повторно е проблем додадениот шеќер, но и натриумот, кои го иритираат имунитетот и можат да предизвикаат воспалителни процеси.
Овошни сокови
Овие сокови се исто така извор на големо количество на шеќер, особено глукоза и фруктоза. Фруктозата потикнува складирање на маснотии во телото и влијае на хормоните, поради што сме погладни, а глукозата го покачува нивото на шеќер во крвта. Нутриционистите велат дека подобро е да се изеде цело овошје, отколку да се пијат овошни сокови.