Сутерен.мк

Пораките преку интернет ги платил над 6 милиони долари

Странските медиуми јавуваат дека Британецот (псевдоним Ричард) во последните години од бракот неколку пати контактирал со проститутки.

Го користел својот Ајфон за да се договори, но внимавал и секогаш бришел пораки, за да не се посомнева и да најде ништо неговата сопруга.

Она што не го знаел, тврди тој, е дека Apple овозможува споделување пораки преку своите платформи (iPhone, iPad, iMac), кога корисникот се најавува на истата сметка.
Така, во една прилика сопругата ја пријавила семејната сметка на лаптопот и пронашла пораки кои Ричард ги разменувал со сексуалните работници.

Следувал развод, а жената си заминала со над 6,3 милиони долари.

Ричард за се ја обвинува американската компанија и бара отштета.
„Ако кажат дека пораката е избришана, имате право да верувате дека е. Ако пишуваше: „Пораките се избришани на овој уред“ или „Овие пораки се бришат само на овој уред“, тоа ќе беше сигнал за мене“, рече тој.

Ќе бара Apple да му ги надомести парите што ѝ ги платил на поранешната сопруга, а ангажирал адвокатска канцеларија од Лондон.
Тој исто така ги поканува другите корисници на Аппле да контактираат со него доколку имале слични проблеми со цел да поднесат групна тужба.

Неговиот адвокат, Сајмон Волтон, тврди дека технолошкиот гигант „не бил јасен за својата политика за избришани пораки“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *