Сутерен.мк

Постпразнични јадови

Бевме на некоја неформална седенка на која се напив отповеќе и сега сите ме озборуваат. Како да се однесувам?

Антигона

Антигона дарлинг, отсекогаш сум се чудела на тие „неформални дружења“. Демек, неформално, а сите со тулумби на главата, тон шминка, пулејки и здрвени како следниот ден да ќе сведочат дали некоја невеста била невина или неверна!? Ако е неформално, кому му е гајле кој колку се напил или колку/што изел!? На мумии само, веројатно. Однесувајте се над тоа што го заслужуваат. Игнорирајте ги…

На забавата за Нова година му пријдов на еден дечко, малку повеќе „загреана“ и тој ме нарече манијачиште?

Мима

Мима  дарлинг, тој е од оние кои докажуваат дека големината и тоа како е важна! А колку што разбрав од една второоделенка денес е навреда да ви се обратат со сељачиште, а не со манијачиште…

Имам себични, но богати родители. Ме оставија сама во толкава куќа и не ми се јавија дури ни за Нова година!? Добро, ми оставија пари, си направив журка, ама и понатаму сметам дека не ме сакаат доволно.

Весна

Весна дарлинг, штом сте толку умна спакувајте ги куферите и „дим да ве нема“! Започнете го својот најдобар живот надвор од семејната куќа! Или, фатете се за уши и трескајте се од земја се додека не се онесвестите. Се надевам, вашите никакви родители потоа ќе ве сместат во некоја установа каде и тоа како ќе почнете да ги цените нивните „глупави пари“. Зашто без нив, тешко дека ќе се спасите од тамошниот, потенцијален насилнички персонал…

Ужасно си поминав за празниците. И сега не знам како понатаму?

И.М.

И.М. дарлинг, на многумина ужасно им поминува животот и се уште не знаат како понатаму!? Ништо друго не им преостанува освен, со своите постапки да се надеваат на заслужен одмор после смртта. Мир кој, можеби и се случува…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *