Научниот свет деновиве зборува за откритието на полските египтолози, кои со детално скенирање откриле мумифицирана бремена жена.
Проектот започнал уште во 2015 година, а била користена најсовремената технологија за испитување на артефактите. Целиот процес на истражување се случил во Националниот музеј во Варшава, во кој учествуваа неколку научници.
Претходно, се сметало дека мумијата е свештеник, но рендгенските снимки откриле дека всушност станува збор за жена во подоцнежните фази од бременоста.
Експертите кои работеле на проектот сметаат дека остатоците најверојатно ѝ припаѓаат на жена која потекнувала од повисока класа, на возраст од 20 до 30 години и се верува дека починала во првиот век п.н.е.