Сутерен.мк

Прекрасни животни

За многумина тоа е најубавиот коњ на светот, но сите познавачи и љубители на коњите се согласни дека е меѓу петте најрепрезентативни примероци од својот вид!

 

Акхал – теке или Акхалтекинец е една од најстарите раси на коњи во светот, а потеклото им е од денешен Туркменистан.

Нивната боја која под сончевите зраци изгледа како металик, од ова прекрасно животно создава речиси митолошко суштество. Поради тоа бајковито прекршување на светлината ги нарекуваат „златни коњи“ или „коњи од рајот“ (фоликулата на нивното влакно е потранспарентна од онаа на другите коњи и фаќа повеќе светлост, оттаму и тие нереални бои). Инаку, имаат сини очи, а ретко и зелени.

Акхал – теке коњите се многу издржливи на ниски температури, познати се по интелигенцијата, брзината, тврдоглавоста (не трпат навреди и понижувања), но и лојалноста – кога ќе се врзат за еден човек, тоа трае за целиот нивен живот и подготвени се да го следат и во најголемите искушенија!

Првобитно се користени како воени животни, но денес се скапоцен дел од ергелите на љубителите на коњи, а понекогаш учествуваат и на трки. Сепак, како тркачки коњи е тешко да се истренираат пред се, затоа што тешко прифаќаат авторитет односно, многу се интуитивни и доколку не се „препознаат“ со сопственикот, од таа „врска“ не бива ништо! Ама, ако се „кликнат“ со газдата, верноста им е поголема и од онаа на кучето!

Туркменистанските племиња ги одгледуваат над три илјади години, а до оваа раса стигнале со остра селекција. Меѓутоа, овој сој веќе не може понатаму да се меша со друг.

Во светот има уште околу седум илјади примероци од овие коњи, а поголемиот дел од нив се во Туркменистан и Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *