Фејсбук с(р)еќавања….
Не станав писател, за еден ден да не бидам пропаднат писател.
Oh, wait.
Во МКД нема неуспешни писатели.
****
Тешки очи, тешки раце.
Живот како бескрајна борба со тешка мечка.
Како во врамена слика на Караваџо.
Без страв, без надеж.
****
Никогаш не е подобро. Само, поинаку.
****
За да ги зачувам сите мои животи, потребни ми се 2х2 метри слобода – сега.
****
Толку горди патриоти, а не научија и не научија дека Македонец, Македонка се пишува со голема буква. Изгледа тоа гордоста не им дава да се наведнат, да отворат правопис.
****
Живеј како што можеш. Ако не можеш, тогаш како што сакаш.