За да ви останат празниците во најубаво сеќавање и што е уште поважно, да ги поправите евентуално нарушените односи со одредени членови од семејството, време е да простите и да барате да ви биде простено. Звучи тешко да се премине преку својата суета, принципи, но не сте свесни какво олеснување ќе ви пружи и со каква радост ќе ве исполни тој чекор доколку се одлучите да го направите!

„Доколку не можете да си дозволите да им купите на сите подароци, купете им само на децата“
„Преиспитајте се себе си секој пат кога ќе помислите ’треба да!’ Не морате – ништо! Освен, она што навистина го сакате. Тоа важи за време на празниците, но и секој ден во годината“