Ксенија Овчинкова од рускиот град Омск ќе го тужи Мекдоналдс затоа што нивниот билборд ја „завел“да купи чизбургер со што го прекинала пред-великденскиот пост!
„Во тој момент, постев околу еден месец. Кога го видов билбордот, не можев да оддолеам и отидов да купам чизбургер“, вели во тужбата Овчинкова.
„Гревот“ се случил во април 2019 година, а овваа Русинка за прв пат го прекршила постот во последните 16 години.
Таа бара морална компензација од Мекдоналдс во висина од илјада рубљи (13,5 долари), а од Руската православна црква велат дека Овчинкова треба да бара прошка од Бога, а не надоместок од популарниот ланец на ресторани.