Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина за прифатливи решенија.
Во интервју за руската државна телевизија шефот на Кремљ истакна дека Москва сака да преговара за крај на војната, но како што тврди, Украина и Западот одбиваат да се вклучат во разговори.
Владимир Путин порача и дека ќе се бори додека не се постигнат сите негови цели во Украина додека украинскиот претседател Володомир Зеленски вели дека нема да мирува додека секој руски војник не биде исфрлен од целата уркаинската териротија, вклучувајки го и Крим.
Во меѓувреме, рускиот парламент објави дека подготвува закон за воведување повисоко оданочување за граѓаните кои ја напуштиле Русија по почетокот на војната во Украина.