Сутерен.мк

Асоцијацијата за цистична фиброза утре на протест

Асоцијацијата за цистична фиброза утре е на протест пред Министерството за здравство.
Пет до 12, симболично време за протест на пациентите со цистична фиброза, велат толку време им останува поради негрижата на здравствените институции кои не им ја овозможуваат терапијата, а без терапија, се доведуваат во прашање животите на болните од цистична фиброза.

Мирниот протест, велат од Асоцијацијата за Цистична фиброза, е утре со цел да ги потсетат институциите на дадените ветувања дека ќе се обезбеди нова и поквалитетна терапија за пациентите.

Од Асоцијацијата за чистична фиброза велат дека негрижата на здравствените институции ги доведува во прашање животите на многу пациенти чииј животи зависат од терапијата која никако да ја добијат.

Министерот за здравство, Беким Сали, на денешниот неформален брифинг со новинарите посочи дека го знае проблемот и дека е расположен да ги прими на разговор пациентите кои утре ќе излезат на протест токму пред зградата на Министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *