Луѓето кои ги примиле и двете дози на вакцините против Ковид – 19 не мораат да носат заштитни маски или да ги применуваат мерките за физичко дистанцирање во отворен или затворен простор, освен во особени околности, објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
Ваквата одлука ја базираат врз научните студии од Израел и САД според кои, вакцините функционираат!
Израелската студија имено, покажала дека вакцините се ефикасни во 97 отсто од случаите со коронавирусот и 86 отсто против асимптоматските случаи кај пет илјади тестирани зравствени работници.