На околу триста километри источно од Мумбај, во селото Шани Шингнапур, криминалот е толку непознат концепт, што жителите престанале да го чуваат својот имот.
Никој не го заклучува својот имот – продавници, автомобили, дом… па дури ни куќите немаат врати, само лесна завеса.
Жителите се однесуваат вака, бидејќи безгранично му веруваат на нивниот небесен заштитник, Шани, кој ги чува од крадците. Наводно, богот е склон на одмазда и нетолеранција кон измами, така што, тешко на оној, кој ќе се осмели нешто, некому да одземе.
Сепак, дека богот Шани не е семоќен, потврдува и фактот дека таму постои полициска станица, но и криење на податоци заради чување на угледот на заедницата.
Како и да е, добро им оди…
.