Фејсбук с(р)еќавања…
****
Абе, и јас можам до успехот, па долу, па пак, горе, а после долу до дното и, од почеток – се. Ама ми фалат дилери, доктори, полицајци и попови, литри бурбони, пријатели на повик… Пари фалат, пари.
****
Кубизмот изгледа како купчиња искршени садови во домаќинството. Исто како и бракот. Ој, Пикасо гение!
****
Се ни зедоа. Дури и сеќавањата на иднината.
****
Љубовта е најлесниот дел. Со последиците е маката.
****
Никогаш не е доцна да почнеме да го игнорираме мислењето на луѓето кои не ја знаат нашата страна на приказната.
****
Грдотијата е помоќна од убавината бидејќи, трае и трае и трае…
****
Јас сум прелепотица, витка, во најгодините, во врвот на мозочната активност.
Само сум, асимптоматска.
****
Како тоа мислите „да се видиме и на оној свет?“
Па едвај и на овој ве трпам, камоли уште на еден.