Млекото е добро да се пие пред спиење, затоа што содржи триптофан, амино киселина која прави да се чувствувате поспани. Истиот ефект го има и консумирањето на јаглехидрати.
Пред да легнете, намалете на температурата во спалната. Ниската температура му кажува на телото дека е време за спиење.
Попрскајте едно марамче со неколку капки масло од лаванда и ставете го под перница. Мирисот на лаванда ќе ве опушти и ќе ви помогне лесно да потонете во длабок сон.
Долги години камилицата се смета за еден од најдобрите начини за смирување на нервите. Чајот од камилица освен што ќе направи да заборавите на грижите, ќе ви помогне и побрзо да ги затворите очите и потонете во длабок сон.
Кафето е непријател на добриот сон, затоа што содржи кофеин. Па, многу луѓе го избегнуваат во попладневните и вечерните часови. Но, освен кафето, потребно е да се избегнуваат и чоколадото, газираните пијалоци и зелениот чај, затоа што и тие кријат во себе кофеин.
Секоја вечер, неколку часа пред спиење, земете лист хартија и запишете ги сите проблеми што ве мачат и сите нешта што треба да ги направите. Потоа до секој од проблемите напишете неколку едноставни начини на коишто можете да го решите, а до секоја обврска –план за нејзино исполнување. Оставете го листот подалеку од вас. Кога ќе легнете, ако започнете да мислите на проблемите и обврските, едноставно кажете си „веќе имам план и ќе започнам да го остварувам од утре“. Тоа ќе ве смири.
Не гледајте вести или хорор филм. Пропуштете ги вечерните вести. И онака нема да слушнете ништо добро. Лошите вести ќе ве вознемират, па тешко ќе можете да заспиете во наредниот час.