Се сомневам дека сопругот ми е неверен. Како да го проверам тоа?
Мира
Мира дарлинг, ми „звучите“ како некоја стамена дама па, ајде, да почнеме оттука: стручњаците велат дека се поневерни жените со пискав глас (високо ниво на естроген), мажите со подлабок глас (големо присуство на тестостерон) и обратно. Прељубите се случуваат при долгорочни моногамии, што се тешки за секого и успеваат да им одолеат само малкумина со многу цврста убеденост во целта (не карактер). Патем, во изневерување спаѓа и специјален духовен однос, што може да биде подеструктивен од некоја секс авантура.
Излетите вон бракот се изговор за здодевноста во него, стресот, нереализираноста… Прашањево ви е „пери – носи“ па што можам да кажам освен: обично, ако има сомневање, има и основа за тоа. Ете, можете да споменете дека вие сте го изневериле па, ако избувне и направи кавга, објаснете му зошто сте го кажале тоа. Меѓутоа, ако почне смирено да ви „филозофира“ речиси, сигурно е дека има тука нешто и само бара оправдување за своите гревови…