Сутерен.мк

Студентка по право е новата Мис на светот

Русокосата Кристина Пишкова од Чешка е избрана за нова Мис на светот.
Таа ја победи конкуренцијата, поточно 111 девојки од целиот свет и како најубава ја добри престижната круна Мис на светот.

Кристина има 23 години, манекенка, студира право и деловна администрација, течно зборува англиски, полски, словачки и германски јазик и се залага за одржлив развој преку образование.

Мисици кои влегоа во суперфиналето оваа година зборуваа за важни женски теми, а победничката зборуваше за отстранување на стигмата и срамот околу менструацијата, велејќи дека „да се биде жена е подарок“ и дека менструацијата не треба да биде табу тема.

Инаку, ова е вторпат Чехинка да биде избрана за најубава жена на светот, првпат таа титула во 2006 година ја освои Татана Качарова.

Изборот за Мис на светот 2024 се одржа во Мумбаи, ова беше 71 пат, а во финалето имаше 40 натпреварувачки од целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *