Сутерен.мк

Триумфот на „Опенхајмер“

Приказната за Роберт Опенхајмер, американскиот физичар кој ја зазема водечката улога во решавањето на проблемите на создавањето на првата атомска бомба, беше номинирана за најголем број златни статуетки, дури 13, а успеа да победи во седум категории – најдобар филм, најдобра режија, најдобар актер во главна улога, најдобар актер во споредна улога, најдобра оригинална музика, најдобра кинематографија и најдобра филмска монтажа.

По осум номинации во последните 20 години, Кристофер Нолан го освои својот прв Оскар во својата режисерска кариера. Откако ги освои сите поважни статуетки во годинашната сезона на награди, тој беше главен фаворит за победа во оваа категорија и на Оскарите.

Нолан го искористи моментот да ѝ се заблагодари на сопругата, познатата продуцентка Ема Томас, на целата екипа која работеше на филмот „Опенхајмер“ и на шефицата на „Јуниверзал“, Дона Ленгли.

Килијан Марфи ја освои статуетката за најдобар актер во главна улога за неговата неверојатна изведба во „Опенхајмер“. Ова беше негова прва номинација на Оскарите, а воедно и прва победа.

Најдобар актер во споредна улога е Роберт Дауни Помладиот, кој ја освои својата прва статуетка.

Победата на Ема Стоун во категоријата за најдобра актерка во главна улога беше вистинско изненадување на вечерта. Таа ја победи актерката Лили Гледстон, која беше главен фаворит на годинашните Оскари, и ја освои статуетката за нејзината изведба во филмот „Кутри нешта“ на режисерот Јоргос Лантимос.

Ова е втора победа на Стоун на Оскарите. Таа освои Оскар и за нејзината улога во филмот „Ла ла ленд“ во 2017 година.
Давајн Џој Рендолф го освои Оскарот за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во драмата „Останатите“.

Водител на церемонијата беше комичарот Џими Кимел, кој им посака добредојде на сите присутни по „напроната година на штрајкови“ во Холивуд. Тој ги искритикува членовите на Академијата што не ја номинирале Грета Гервиг во категоријата за најдобар режисер, се пошегува за проблематичната историја на Дауни Помладиот, нарекувајќи ја ноќта „еден од неговите најдобри моменти“ и за навиката на Бредли Купер да ја зема мајка си со себе на свечени настани како што се Оскарите.

Листа со победниците на годинашните Оскари…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *