НорКал Лолајф од Северна Калифорнија, кој работел во стриптиз клуб, неодамна се појави на подкаст каде што откри дека познатиот оскаровец Квентин Тарантино ѝ ги лижел нозете на стриптизета додека не ѝ помодреле и за тоа платил десет илјади долари
Лолајф раскажал дека Квентин еднаш посетил клуб и побарал стриптизерка со „најголеми гради и најголем задник“. Менаџерот уште изјавил дека самиот влегол во задната соба и ја гледал акцијата на мониторот од љубопитност.
„Тој седеше, а таа требаше да си ја заврши работата, почна да го соблекува горниот дел. Потоа тој стана, ја фрли на седиштето, и ги соблече штиклите една по една, почна да го лиже дното на нејзините стапала, и да ѝ ги шмука прстите“, изјавил поранешниот менаџер на клубот.
Тој тврдел дека Тарантино и ги шмукал прстите на нозете 30 минути и кога завршил, нејзините стапала изгледале како суви сливи.
Филмовите на Тарантино често прикажуваат снимки од женски стапалата. Во минатото, Тарантино ги отфрли критиките за прикажување на женски стапала во неговите филмови, и тврдењата дека снимањето на стапалата на Маргот Роби , Маргарет Квали и Дакота Фенинг предизвикува фетиш кај гледачите.
Во 2021 година, тој рече: „Има многу стапала во многу филмови на добри режисери. Пред мене, личноста со која беше дефиниран фетишизмот на стапалата беше Луис Буњуел, друг филмски режисер. И Хичкок беше обвинет за тоа, а и Софија Копола е обвинета за тоа“.
Во 2020 година, Бред Пит се осврна на наводниот фетиш на Тарантино.
По добивањето на една награда, Пит се пошегува и им се заблагодари на неговите колеги, Леонардо Ди Каприо, Маргот Роби и стапалата на Маргот Роби.