Најчестите грешки што се прават при готвењето:
- Претерано мешање на храната. Освен, ако тоа не е нагласено, немојте да претерувате. Речиси секое јадење се меша повремено, колку да не се залепат состојките.
- Не го оставате јадењето да „одмори“. Секое јадење е повкусно, ако го оставите барем, неколку минути да „земе душа“. Пред да се превари. Тоа го знаеле и нашите прабаби.
- Неправилно сечење. Кога го сечете зготвеното месо, не одете по линиите на парчето туку, обратно. Така, е посочно. И помеко.
- Тап нож. Остар нож е една од нјважните алатки во кујатата. Двојно поголема е веројатноста да се повредите со тап нож отколку со остар. Што ќе рече, редовно острете ги адутите!
- Не ја пробувате храната. Еден од најпогрешните ставови е да не се пробува храната додека се готви! Морате да пробате! Ако не ви се допаѓа вам, како очекувате да му се допадне на некој друг!? Непробувањето е ароганција која секогаш добива казнени поени.
Наместо терапија
Готвењето нема функција само за преживување. Тоа е одлична можност и за опуштање. Може да биде забавно и поприлично лековито за стрес, здодевност, несоница, љубовни болки…
Готвењето е активност што бара внимание и концентрација, па така ги смирува фрустрациите. Самото купување на продуктите е релаксирачко, а осамувањето во кујната може да изгледа како вистинска медитација.
- И покрај интересот за готвење кај мажите, не им порасна и оној за чистење, пеглање, перење…
- Гответе едноставно и на здрав начин и ќе ви биде и вам и на вашето семејство полесно!
- Сеедно дали готвиме за себе или за други, оваа активност не прави да се чувствуваме корисно, особено, важно. Затоа што им помагаме и се грижиме за тие околу нас.
- Мудрите маркетиншки магови веќе гледаат во гастросексуалците моќни потрошувачи и на пазарот лансираат производи наменети токму на нив.