Сутерен.мк

Украина има свои саботери на руска територија

Киев одгледува свои саботери на територијата на Русија, чија задача е да организираат напади со беспилотни летала, тврди Си-ен-ен повикувајќи се на извори блиски до американските разузнавачки служби.

Американските извори сметаат дека за нападот на Кремљ со беспилотни летала се одговорни и проукраинските агенти од руска почва, односно тврдат дека беспилотните летала не пристигнале преку граница, туку дека, всушност, биле лансирани од руска територија.

Американците веруваат дека Украина развила диверзантски ќелии во Русија, кои се состојат од проукраински симпатизери и оперативци добро обучени за овој тип војување. Се верува дека тие биле снабдени со дронови од украинско производство од Киев, а двајца американски претставници велат дека нема докази оти во нападите биле користени дронови испорачани од САД.

Не е јасно како непријателските дронови пристигнале во Русија, но извори на Си-ен-ен уверуваат дека Украина воспоставила доброорганизрани канали за шверцување, кои би можеле да се користат за нивно пренесување.

Еден европски разузнавач потсетува дека поради должината на руско-украинската граница, тешко е да се контролира што се шверцува преку неа.
„Треба да земете предвид и дека ова е периферна област на Русија. Опстанокот е проблем на сите, па готовината прави чуда“, вели американскиот извор.

Соговорниците на Си-ен-ен не знаат кој точно ги контролира овие операции, но сметаат дека во сѐ се вмешани елементи од украинската разузнавачка заедница. Зеленски наводно поставил општа рамка за тоа што им е дозволено на неговите подредени, но тој лично не го одобрува секое од овие дејства.

Прашан за коментар, портпаролот на шефот на Украинската служба за безбедност рекол дека мистериозните експлозии и напади со дронови во Русија ќе продолжат цитирајќи го шефот на Службата за безбедност, Васил Маљук.

Бројот на напади на територијата на Русија е зголемен во последните неколку недели, а соговорниците на американските медиуми тврдат дека тоа е кулминација на неколкумесечните напори на Украинците да воспостават инфраструктура за вакви саботажи.

Со месеци се врши постојан притисок од лица во Украина, Киев да биде поагресивен, а меѓу оние што предлагаат операции е и шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов.
Обелоденетите доверливи документи на Пентагон открија дека ЦИА му наложила на Буданов да ги одложи нападите врз Русија планирани за годишнината од почетокот на специјалната воена операција.

Иако Буданов начелно се согласил, само неколку дена по тој датум, беа забележани дронови во близина на Москва.

Во друг извештај на американските разузнавачки служби објавен од Си-ен-ен се наведува дека на крајот од февруари Зеленски предложил напад со дронови врз руски локации во регионот Ростов бидејќи Украина наводно нема оружје со долг дострел способно да досигне толку далеку.

Не е јасно дали тоа се реализирало, но летала во текот на изминатата година нафтените постројки во Ростовската област беа запалени по напад од наводно украински беспилотни летала.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *