Сите помлади од 16 години во Флорида нема да смеат да користат социјални мрежи без одобрение од нивните родители.
Како што пренесуваат американските медиуми, во нацрт-законот не се споменува кои платформи ќе бидат забранети, но ги таргетира социјалните медиуми кои ја следат активноста на корисниците и на децата им дозволуваатвчитување на материјали во интеракција со други и користат опции кои предизвикуваат зависност осмислени да предизвикаат претерана или компулсивна употреба.
Предлог-законот не се однесува на апликации кои се користат за приватни пораки меѓу поединци. Законот е усвоен со 106 гласови за и 13 против, а мерката ќе бара социјалните мрежи да ги отстранат сите профили на секој помлад од 16 години.
Предлог-законот уште чека одобрение во Сенатот. Законот ќе бара од компаниите трајно да ги избришат личните податоци собрани од укинатите профили.