Госиаме Тамара Ситоле за медиумите во Преторија изјавила телефонски дека родила десет деца, што ако се потврди дека е вистина е нов Гинисов рекорд за број на бебиња при едно породување.
Оваа 37 годишна Јужноафриканка веќе има шестгодишни близнаци, а трите девојчиња и седумте момчиња се родени со царски рез.
Таа вели и дека на почетокот со сопругот очекувале шесторка, па осум бебиња, за во текот на породувањето да бидат „откриени“ уште две.
Медиумите се уште немаат потврда за ова од болницата и докторите, а ексклузивитет е и што, според зборовите на Ситоле, бебињата се зачнати по природен пат!