Сутерен.мк

Јужноафриканка роди десеторка!

Госиаме Тамара Ситоле за медиумите во Преторија изјавила телефонски дека родила десет деца, што ако се потврди дека е вистина е нов Гинисов рекорд за број на бебиња при едно породување.

Оваа 37 годишна Јужноафриканка веќе има шестгодишни близнаци, а трите девојчиња и седумте момчиња се родени со царски рез.

Таа вели и дека  на почетокот со сопругот очекувале шесторка, па осум бебиња, за во текот на породувањето да бидат „откриени“ уште две.

Медиумите се уште немаат потврда за ова од болницата и докторите, а ексклузивитет е и што, според зборовите на Ситоле, бебињата се зачнати по природен пат!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us