Законот предвидува дека кривичното дело јавно изведување нацистички поздрави или прикажување нацистички симболи, како што се кукастиот крст или двојното С поврзано со паравоената група Шуцштафел, ќе се казнува со затвор до 12 месеци, а ќе бидат казнувани и продажбата и трговијата со овие забранети симболи.
Јавниот обвинител Марк Драјфус во соопштение рече дека австралиското законодавство испратило јасна порака дека во Австралија нема место за оние што го величат холокаустот или терористичките акти.
„Ова е прв закон од ваков вид и ќе гарантира дека никој во Австралија нема да смее да величи или да профитира од дела и симболи што ги слават нацистите и нивната зла идеологија“, рече Драјфус.
Новиот закон, исто така, забранува јавно прикажување или трговија со симболи поврзани со забранетите терористички организации како што се Исламска држава, Хамас или Курдистанската работничка партија (ПКК).
Законот беше предложен во јуни, а усвоен во декември.