Сутерен.мк

Алармантни реченици дека не му е гајле

Доколку и една од следните реченици сте ја чуле или слушате од време на време (да не зборуваме за повеќе од нив), тоа е повеќе од јасен знак дека на партнерот не му е грижа за вас ниту пак, дали ќе остане во заедница со вас.

Јас носам пари во оваа куќа, а што правиш ти?
Не е важно дали жената работи или седи дома со децата, главната работа е нејзиниот сопруг да го почитува она што таа го прави. Но, ако партнерот ја изговори оваа реченица, тогаш тој дефинитивно не ја почитува. Кога жената ќе ја слушне оваа реченица, колку и да „ја држи куќата на себе“, ќе се чувствува бескорисно.

Повторно твоите глупави емоции
Ако жената е емотивна затоа што нејзиното дете се разболело или затоа што сакала нова работа, но не успеала – а мажот ги потценува нејзините емоции, тоа само значи дека не го почитува она што за неа е важно и вредно.

Сама си е виновна, ме налути
Ако мажот крене рака на жена, нема оправдување за тоа. Ако човекот реагира насилнички, нема оправдување за неговите постапки.

Сите жени се манипулатори
Научно е докажано дека сè што ќе изговорат и мажите и жените е склоно кон манипулации. Сите разговараме со цел да добиеме нешто. Затоа е неправедно да се обвинуваат само жените.

Ако не ти се допаѓам, побарај друг
Оваа фраза значи само едно – тој не сака да се менува. Ова може да значи и крај, бидејќи не сака да и удоволи на сопругата, да ја задржи покрај себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *