Сутерен.мк

Анистон се испокара со антиваксерите!

Џенифер Анистон ги прекинала односите со некои од пријателите, кои не сакале да се вакцинираат!

Нејзините следачи на Инстаграм (каде што и го објави ова, како стори) ја прашуваа зошто е толку засекирана, кога таа самата е вакцинирана, на што таа објаснуваше:

„Затоа што сепак, може да ме заразите, ако имате вирус. Можеби ќе бидам малку болна, но нема да завршам во болница или умрам! Меѓутоа, можам вирусот да му го пренесам на некој кој не е вакциниран или му е здравјето нестабилно или има предиспозиции за тоа, па да ги загрозам нивните животи. Се уште многумина луѓе се антиваксери и тоа е вистинска штета. Незгодно е бидејќи сите имаат право на сопствено мислење, но многу мислења се засновани исклучиво на страв или пропаганда!“

Анистон јавно се залага за ваквините, но има и светски познати личности, кои се против имунизацијата против коронавирусот, како кантавторот Ван Морисон и гитаристот Ерик Клептон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *