Поп-ѕвездата се заразила со оваа болест на почетокот на оваа година. Таа вели дека и денес има последици, но и покрај тоа е благодарна што била вакцинирана, инаку немало да преживее.
Во интервју со Хауард Стерн во неговото радио Сириус ХМ, 19-годишната пејачка рекла дека имала тешки симптоми.
„Беше лошо. Мислам, не умрев и нема да умрам, но тоа не го намалува тоа колку беше лошо. Беше страшно. Сè уште имам несакани ефекти. Болна бев околу два месеци“, рече таа.
„Сакам да ви биде јасно дека сум добро поради вакцината. Мислам дека ќе умрев да не бев вакцинирана“, изјавила Били Ајлиш.