Сутерен.мк

Блажевска прва во квалификациската група

Миа Блажевска Еминова го освои првото место во својата квалификациска група на Олимписките игри во Токио во дисциплината од 100 метри слободно.


Таа настапи во втората квалификациска група и делницата од сто метри ја помина за 57,19,  резултат што е послаб за шест стотинки од нејзиното најдобро време, но беше доволен за првото место во квалификациската група.

Во вкупниот пласман во квалификациите, македонската пливачка заврши на 40-тото место од 52 пливачки. Најдобрите 16 се пласираат во полуфинале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *