Сутерен.мк

Ботоксирано сончање

Дечко ми многу почна да ми оди на нерви зашто не ми одобрува пред летниот одмор да одам во солариум (мнооогу сакам исунчана кожа и пред него ја имав во текот на целата година), како што ни претходно не ми дозволуваше да си ги зголемам усните. Мислам дека ќе го откачам заради ваквата негова ароганција. Мислам, стварно треба да се соблечам на плажа ваква бела за живи срамови заради неговото сељачко однесување! Мил ми е, ама многу сакам да ги направам овие работи. Кого да го слушам? Моето срце или него?

Дена, 23, Скопје

Дена дарлинг, треба да го послушате здравиот разум. Неговиот. Иако, во последниве децении исончаниот тен стана симбол за богатство и лесен живот, моден детал кој многу убави лица ги претвора во препржена чварка белким, од толку упорни предупредувања дека долгото изложување на сонце е штетно нешто и запаметивме, а!? Истото се однесува и на солариумите, кои во многу земји се забранети за помлади од 18 години, а вие не сте нешто многу постари од матурантите. И да сте.

Не само што многу сончање е кобно по здравјето туку и таквиот јагленисан тен е некако пренападен. Просто како да вриска: „Гледајте ме! Гледајте ме! Јас бев на одмор! Јас бев во солариум! Јас можам да си го дозволам тоа!“ Посељачки настап – здравје.

Уште и да претерате со зголемувањето на усните (што лесно може да ви се случи, зашто обично за време на третманот се нема реална слика за нивната величина) па да шетате по улици како препечена патка.

Вие всушност, немате проблем со дечко ви, туку со себе: нему му се допаѓате баш таква, каква што сте, но вие не си се сакате. Момчето очигледно е и поинформирано од вас: обично, во усните вбризгуваат сопствено мрсно ткиво кое обично, го вадат од задниот дел на телото на клиентот. Што ќе рече, по зафатот секој што ќе ве бакне практично, ќе го бакнува вашиот задник. Па, ќе ве молам…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us