Сутерен.мк

Бразил гради уште еден Исус

Величествената статуа Христос Спасител во Рио де Жанеиро е еден од најпознатите и најпосетените споменици на светот. Сместен на врвот на планината Корковадо, тој е симбол на градот, но и на целиот Бразил. Статуата е висока 38 метри со постаментот, а распонот на рацете е 28 метри. Христос Спасителот оваа есен ќе „наполни“ 90 години.

А за неговиот „роденден“ предвидено е да биде завршена уште една грандиозна статуа на Исус Христос и тоа во гратчето Енкантадо (со само 22 илјади жители), во јужната сојузна држава Рио Гранде до Сул. Овој споменик наречен Христос Заштитник ќе биде висок 43 метри со распон на рацете од 36 метри. Ќе има стаклен лифт во него и тераса на градите.

Статуата Христос Спасител во Рио де Жанеиро е на списокот на Седумте светски чуда на новиот свет, иако е петта статуа на Исус по висина во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *