Жената била во кревет со љубовникот кога го слушнала сопругот како ја отклучува вратата.
– Да не си мрднал. Многу е пијан, сигурно нема ниту да примети дека и ти си во креветот – му рекла жената на љубовникот.
Сопругот влегол по неколку минути, пијан, како што претпоставила сопругата, си легнал во креветот и пред да си легне, забележал дека под ќебето се гледаат 6 стапала.
– Еј жено, зошто има 6 стапала во креветов, кога треба да бидат 4, што се случува? – прашал тој.
– Толку многу си пијан, што погрешно си изброил – му рекла жената.
Стани од креветот и изброј повторно. Поубаво ќе видиш оттаму.
Сопругот станал и почнал да брои:
– Еден, два, три, четири… Во право си бе жено – рекол мажот и си легнал.
****
Додека мажот работел занесено на компјутер, сопругата дошла и му рекла:
– Те молам оди до продавница, купи едно литро млеко, а ако имаат јајца, земи 6.
По некое време, мажот се враќа дома и носи 6 литра млеко.
Жената го гледа и го прашува:
– Што ти е тебе? Зошто си земал 6 литри млеко?
– Па имаа јајца – одговорил мажот.
****
Едно утро жената пржела јајца во кујната, кога нејзиниот сопруг се појавил зад неа и почнал да ѝ вика:
– Внимавај, внимавај, што правиш? Стави повеќе масло… Многу јајца пржиш наеднаш. Многу се…Ајде размешај. Пази ќе ти загорат… Стави уште масло.
– Леле, што правиш, многу масло стави…
– Леле, ќе се залепат. Побрзај, мешај…
– Што ти е, пополека…
– Леле, заборави да ставиш сол!“
Жената го погледнала сопругот и го прашала:
– Што ти е? Мислиш дека не знам да испржам јајца?
– Не, само сакав да ти покажам како се чувствувам додека возам – ѝ одговорил сопругот.