Сакам да го тужам сопствениот брат, сопствените родители за куќата која му ја дадоа беспоговорно на брат ми и уште треба да се однесувам како гостин во домот во кој сум израснала?!
Соња, Тетово
Соња дарлинг, тужете ги до последниот денар. (Најдете патем и добар адвокат. Само будала сам се застапува на суд.) Вие сте биле исто гладни, исто запоставени, исто поттурнати додека се градела таа куќа. Имате право на нејзин дел…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)