Сутерен.мк

Вакцини и на црниот пазар

Истражувачите на компанијата Kaspersky испитувале 15 различни пазари на Darknet и пронашле огласи за три вакцини против коронавирусот – Фајзер/Бионтек, АстраЗенека и Модерна.
Како што се наведува во соопштението имало и продавачи кои рекламирале неверификувани вакцини.

Поголемиот дел од продавачите се наоѓаат во Франција, Германија, Велика Британија и САД, а цените за доза се движеле од 250 до 1 200 долари, со просечна цена од 500 долари.

Комуникацијата се одвива преку апликации за шифрирана размена на пораки, како што се Wickr и Telegram, додека барањата за уплати се вршат преку криптовалути, пред се биткоини.

Досега е познато дека се извршени околу петстотини вакви трансакции, но што точно корисниците на Darknet купуваат, останува нејасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *