Сутерен.мк

Страдања што не поминуваат!

Како што пишува Psychology Today некои болки се неизлечиви, без разлика колку и да се трудиме да ги искорениме. Ова е нивната листа:

  • Смрт на сакана личност

Губење на саканиот партнер, родител или дете е веројатно најголемиот бол што некој може да го искуси. Секој ден имате потреба да ги чуете, видите и тогаш ќе се сетите дека ги нема, што во вашето срце остава празнина која никогаш нема да биде пополнета.

  • Ментална болест

Иако постојат многу успешни лечења на хронични ментални болести, пациентите често одбиваат соработка – се откажуваат од терапијата или престануваат да ги земаат лековите.

  • Зависност

Зависноста е особено тешка, бидејќи личноста која ја сакате е се уште тука, но таа не е повеќе истата. Состојбата ја влошува и тоа што зависниците се вешти во лажењето на оние на кои најмногу им се битни.

  • Хронична болест

Секогаш кога ќе се сетите на својата дијагноза (а тоа се случува многу често) се борите со стравот да не ви се влоши состојбата.

  • Предавство

Предавството од блиска личност е многу тешка за лечење. Предадениот најчесто му врти грб на светот и се става себеси во долгорочна самоизолација и осаменост.

  • Трајна повреда

Морате повторно да научите како да се справите со светот: нешто што порано било лесно и едноставно да се направи, сега бара голем напор. Луѓето ве гледаат со тага или сожалување, што длабоко боли.

  • Траума

Траумата остава голема трага и може да го смени текот на животот. Се губи довербата во луѓето, стравот е постојано присутен.

Совети
– Претворете ја својата повреда во мисија. Волонтирајте во болници, помагајте им на другите пациенти, семејства…
– Изолацијата е најголем непријател на лечењето. Затоа, комуницирајте со другите, особено со оние кои имале слични искуства.
– Тагувањето е важно и потребно. Сепак, не дозволувајте тоа да доминира во вашиот живот предолго. Признајте се што чувствувате и натерајте се да тргнете напред и покрај тоа што се чувствувате се уште лошо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *