Сутерен.мк

Вештачки гнезда за белите штркови

Со почетокот на сезоната на миграција на белите штркови, овие преубави птици добија и вештачки гнезда во турскиот град Едрене (Одрин).

Група на научници гнездата ги изградија во градот и околината на побезбедни и пристапни места, за да ја намалат штетата од нивното гнездење на електричните столбови и високите градби, но и заради заштита и на самите штркови.

Белиот штрк (лат. Ciconia ciconia) е птица преселница со долг и црвен клун, долг врат и долги, тенки и црвени нозе и бели пердуви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *