Сутерен.мк

Викенд рецепт: Велигденско – медитеранско јагне

Иако другата половина сака англиско јагне со сос од нане поради перење мозок во англиски интернат, оваа Мечка не сака ништо повеќе од маринирано печено “carre d’agneau “ и млади печени компири со лукче.

Десертот беше отфрлен оваа година во корист на Charbonel/ Walker, кои често се сметаат за еден од најдобрите светски производители на чоколадни труфели и нивната тројка од солени карамели со три вида чоколадио со различна содржина на какао беа изборот за засладување.

Доброто чоколадо, како доброто вино, не е нешто на што треба да се штеди. Така, по утрото поминато со даночни пријави и домашно буџетирање, како и една машина перење (Исус многу ги разбира работните мечки), започна мисијата за готвењето…

Состојки

1 јагнешко каре (од оние на кои Карапанџа им ставаше бели капишонки во 80-ти/6-8 котлети за 2).
1 кг бебешки компири.
1 мала кутија песто (1/2 тегла).
2 чешниња лук.
Лук во прав.
100 гр путер.
Сол и бибер по вкус.
1 кутија кајмак.

Чекор по чекор

– Јагнето продупчете го повеќекратно со остар нож.
– Измешајте ги путерот, солта, биберот и лукот во прав за да направите паста.
– Великодушно истријте го јагнешкото со маринадата.
– Покријте го јагнешкото цо алуминиумска фолија и оставете го да се маринира на топло место еден час (или преку ноќ во фрижидер).
– Измијте ги и исцедете ги компирите и обложете го дното на сад за печење.
– Зачинете со сол, бибер и посипете со масло.
– Во загреана рерна на 200 степени додадете го плехот со месото уште во фолија одозгора (ен папилотте).
– Печете 40 минути и отворете ја фолијата за јагнешкото да стане убаво и крцкаво.
– Оставете да одмори 20-30 минути пред да послужите покриено со крпа.
– Исцедените сокови од тавата измешајте ги со кајмакот и употребете го како сос за компирите.
– Уживајте со остра салата и освежувачка чаша Puklavec&Friends словенечки Sauvignon blanc & pinot grigio (рачно избрано), чисто бело вино.

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *