Сутерен.мк

Викенд рецепт: Пилешки гради покрај езерото а ла Бангл

Езерската авантура на Бангл продолжува во напорни обиди да избегне риба. Неопходноста е мајка на секој пронајдок, така што спартанската кујна во вилата мораше добро да се искористи за да може оваа мечка да ја избегне страшната риба. Така се случија пилешките гради – мечешка верзија на оваа италијанска класика. Мечката го послужи ова јадење со гратен од компир и цвекло, розова верзија на француската класика Pommes Dauphinoise.

Состојки
– 2 дебели парчиња пилешки гради
– Локални пиперки полнети со сирење
– спанаќ
– путер
– Сол и бибер

Чекор по чекор
– “Пеперуткајте” ги пилешките гради користејќи остар нож (расечете ги на скоро на половина и отворете ги како средина на тетратка).
– Омекнете го пилешкото удирајки го со сукало или тежок предмет (очигледно во кеса).
– Полнетите пиперки со сирење ситно исечкајте ги.
– Во посебна тава “испотете” го спанаќот.
– Наполнете ги градите со мешавината од пиперка и сирење, а потоа и со спанаќот.
– Растопете парче путер во тава, на масло, за да спречите горење на путерот.
– Пилешкото заруменете го од двете страни, превртувајќи внимателно да не се истури филот.
– Откако ќе заруменат, ставете ги градите во огноотпорен сад, наросете ги соковите од тавата и завршете го готвењето на претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
– Покријте добро и оставете го месото да се одмори.
– Восхитувајте се на прекрасната дисекција на градите и разубавете ја чинијата со малку розов гратин и со малку спанаќ.
– Шише австриски grunerveltliner е задолжително за ова пилешко задоволство.

Повеќе на bungleskitchen.com…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *