Сутерен.мк

Во Сирија над 1 700 загинати луѓе

Бројот на загинати луѓе по катастрофалниот земјотрес во Сирија се искачи на 1 712, соопштија сириските власти.

Се очекува дека бројката, сепак, не е конечна и се стравува оти ќе биде многу поголема по расчистување на урнатините, пренесува „Ројтерс“.

Сирија денеска ги повика Обединетите нации да помогнат со спасувачки напори, здравствени услуги, засолништа и донации во храна по силниот земјотрес во кој загинаа илјадници лица во Сирија и Турција.

Земјотресот ја погоди област контролирана од сириската Влада и областа контролирана од опозицијата, која е опкружена од владините воени сили и се граничи со Турција.

Сирискиот амбасадор во ОН, Басам Сабаг, изјави дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го уверил дека ОН ќе направат се што е во нивна моќ да и помогнат на Сирија во оваа многу тешка ситуација.

Сабаг изјави дека на генералниот секретар на ОН му го доставил писмото од шефот на сириската дипломатија во кое се бара помошта.

На прашањето на новинарите дали Сирија ќе дозволи ОН да достават помош преку премини од Турција, Сабаг не одговори директно, туку кажа дека владата е подготвена да помогне и да ја координира испораката на помош „на сите Сиријци на целата територија на Сирија.

Територијата која ја контролираат бунтовниците зависи од протокот на помош од соседна Турција буквално за сè – од храна до медицински материјали.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави снимка над која според објавата руски војници помагаат во спасувачката акција во Алепо, но обезбедуваат и медицинска помош за настраданите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *