Музичарката која буквално помина трновит пат од ангелско девојче, преку девојка и муза на Мик Џегер (првата песна што ја напишаа Џегер и Кит Ричардс не ја изведоа „Ролингстоунси“, туку 19 – годишната Мариан во 1964 година), до цврста рок хероина и понатаму е активна во осмата деценија од животот.
Па така, по прележаниот коронавирус, Фејтфул го сними албумот „Таа чекори во убавина“ со музичарот Ворен Елис на кој ги изведува песните на романтичарите како Бајрон, Китс и Шели.
Инаку, Мариан е родена во 1946 – та, во Хемпстед во северниот дел на Лондон. Татко и Глен бил ангажиран од британската разузнавачка служба бидејќи говорел неколку јазици без акцент, а мајка и, бароницата Ева фон Захер – Мазох била танчерка во Виена.
Она што е особено интересно е што дедо на Мариан и е писателот Леополд фон Захер – Мазох (11836 – 1895), од чија еротска книга „Венера во крзно“ и дел од неговото презиме е создаден терминот мазохизам – доживувањето на сексуално возбудување при претрпување на болка.
Поимот мазохизам за прв пат се појавува во 1886 година од страна на германскиот психијатар и специјалист по судска медицина – доктор Рихард фон Краф Ебинг.