Сутерен.мк

Градови, смрзнати во времето

Шест градови кои ја сочувале својата средновековна архитектура…

Пиодао, Португалија

Сместен во централниот дел на државата, пиодао е познат како едно од најживописните села во Португалија. Благодарение на архитектурата која и одолева на вековите, ова село е класифицирано како споменик од јавно значење, кое привлекува многу туристи.

Чивита Ди Банјореџо, Италија

Оваа средновековна населба се наоѓа на висока, стрмна карпа во близина на градот Банјореџо. Некогаш овие две места биле една целина, но во 18 век ги раздвоил силен земјотрес, а стариот мост го уништиле нацистите за време на Втората светска војна. Денес се повторно споени со тесен пешачки мост од 366 метри што се простира над кањон.

Фенгхуанг, Кина

На југозападот во кинеската покраина Хунан, покрај брегот на реката Туо Џијанг се наоѓа необично место: град кој изгледа исто како и за време на династијата Минг, која владеела од 1368 до 1644 година.

Динан, Франција

Еден од градовите кој е атракција со самото тоа што постои е и францускиот средновековно гратче Динан. Се наоѓа во северозападниот дел на Гранција, во познатата покраина и полуостров Бретања.

Куенка, Шпанија

Сместен на стрмни падини со поглед на клисурата на реките хукар и Хуекар, околу 170 километри источно од Мадрид, се наоѓа средновековниот град Куенка.

Алберобело, Италија

Во јужна Италија, во покраината Апулија се наоѓа град од друга планета, каде што куќите личат на оние во кои живеат хобити. Бели, со варовничка структура, без малтер, со покриви со конусен облик и тесна калдрма, тоа е архитектурата на Алберобело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *