Сутерен.мк

Гробници посветени на жените

  • Таџ Махал

Најпознатиот споменик во Индија го изградил царот Шах Џахан, посветувајќи и го на својата омилена сопруга Мумтаз Махал, која умрела при породување.

Граден е од 1632 до 1647 година, со учество на 22 илјади работници.

  • Мавзолејот на Света Елена

Флавија Јулија Хелена, царица Елена или Елена Цариградска, била мајката на царот Константин Велики.

После нејзината смрт (крајот на 328 – ма или почетокот на 329 – та), останките и се пренесени во Рим и погребани во мавзолеј што, покрај црквата „Свети Марчелина и Петар“, го изградил син и. Дел од моштите на Елена подоцна се пренесени во Цариград, дел во Ремс во Франција, а во Рим останал само нејзиниот саркофаг.

  • Гробницата Шангуан Ванер

Оваа жена (живеела помеѓу 664 и 710 година) била советничка на првата кинеска царица Ву Зетиан од династијата Танг и втора сопруга на нејзиниот син, а имала и афера со љубовникот на царицата.

Нејзиниот сопруг, принцот Ли Шан станал цар, но владеел многу кусо време – го убила неговата прва сопруга, која потоа седнала на престолот.

  • Гробницата на Рахела

Првата жена на пророкот Јаков е погребана во Витлеем и нејзината гробница се смета за едно од трите најсвети места и во јудаизмот и во христијанството и во исламот.

Се верува дека посетата на ова место помага во зачнувањето на дете, а денес е позната и како џамијата Билал бин Рабах.

  • Гробницата на Големата кралица на Маите

Ик или Лејди Кабел била моќна жена која живеела најверојатно во втората половина од седмиот век.

Станала дел од кралското семејство Ел Перу – Вака од денешниот регион Петен во Гватемала и го носела највисокиот чин од класичниот период на Маите – воен командант!

  • Мавзолејот на Сесилија Метела

Сесилија била римска аристократка од времето на доцната Република, ќерка на римски конзул и војсководец и сопруга на диктаторот Корнелие Сула.

Кога умрела, Сула ги прекршил сопствените закони против луксузот за да и приреди раскошен погреб и изгради гробница која и денес е многу познат споменик.

  • Погребниот храм на Хатшепсут

Необичната жена која владеела со Египет од 1479 – та до 1458 – ма п.н.е. била најстарата ќерка на Тутмус и Ахмоза, а се претставувала како маж.

Хатшепсут е погребана во величествен храм, што го проектирал тогаш најславниот архитект – Сененмут.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us