Сутерен.мк

Децата не ни должат ништо!

Триесет и три годишна мајка на ТикТок подели неколку свои ставови за родителството и собра преку пет милиони прегледи и бројни критички коментари, бидејќи отворено зборува за очекувањата од нашите деца!

Лиза Понтиус од Чарлстон, САД, вели дека децата не им должат ништо на родителите!

Според неа, улогата на родителите е да го обезбедат своето дете, како финансиски така и физички и дека е тоа нивната основна задача, минимумот што се подразбира. Следниот стадиум е грижата за емотивните потреби на детето, што ја овозможуваат добрите родители, но тоа и понатаму не подразбира дека квалитетниот однос и поврзаноста се осигурани.

„Не е поентата да го сакаш детето и да се грижиш за него очекувајќи дека тоа слепо ќе прави се што ќе му кажеш!“, вели Лиза и додава дека е погрешно воспитувањето со страв и авторитет, затоа што, прашува таа, кој би сакал да има близок однос со диктатор или некој кој се занимава со емотивна манипулација?!

Таа нагласува дека уживаат со сопругот додека се грижат за своите деца и гледаат како растат, но тоа не значи дека ќе им бидат должни за било што кога ќе пораснат. Тие не и должат ништо затоа што ги родила. Се надева само дека како мајка ќе го заслужи нивното почитување, врз основа на односот што ќе го изградат, но е свесна дека за тоа нема гаранции.

„Нема да добиете трофеј или награда затоа што детето го одржувате чисто и сито. Цел тој концепт на ’ти пружам покрив над главата’ е манипулација бидејќи детето не е цимер на своите родители, туку зависи од него и е негова одговорност!“, категорична е оваа млада и одговорна мајка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *